Стопанска банка АД Скопје информира дека утре ќе ги исплати пензиите за корисниците на дебитни картички, кои средствата ќе може веднаш да ги користат во трговија или на банкомати.
Како што наведуваат од банката, исплатата на шалтер ќе биде возможна од сабота, кога ќе бидат отворени сите 55 филијали на Стопанска банка од 8 до 13 часот, со цел да се овозможи клиентите да располагаат со средствата, а притоа да бидат заштитени од непотребни гужви што се опасни за колективното здравје.