Министерот за образование и наука Арбер Адеми денеска на прес-конференција соопшти дека како Влада се уште не дискутирале за конкретен предлог од некоја политичка партија.
На новинарско прашање за тоа дека СОНК и НАкС го отфрлаат предлогот економски мерки на СДСМ за минималец за цел јавен сектор, каде се вклучени и образование, наука и култура и дали ќе ги послуша нивните барања, Адеми додаде дека добредојдени се сите предлози од стопанските комори, асоцијации на работодавачи, политички партии, организации, невладин сектор…
– Принципот на работење во Владата е дека длабоко се анализираат сите предлози и тоа што е во најдобар интерес на граѓаните, така и одлучуваме секогаш, рече Адеми.
Министерот за образование и наука смета дека и во овој период треба да се вложат конкретни напори во мотивација на наставниците, претставниците од академската и научна заедница да продолжат да го реализираат овој начин на одвивање настава.