„Алфите“ во март извршиле легитимирање на над 900 лица, а привеле 313

Од:

Припадниците на Единицата за борба против криминалот “Алфа“ во текот на минатиот месец, при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 929 лица, извршен е преглед на 101 патничко возило, а по разни основи приведени се вкупно 313 лица.

Како што соопшти МВР, кај приведувањата, најмногу лица 36 се приведени по основ на телеграма, 31 лице по основа на потраги, гласник, наредба од Основен суд, под сомнение за извршено кривично дело 56 лица и по извршено кривично дело 30 лица, на лице место во вршење на кривично дело 12 лица, а шестмина се приведени за издржување на казна затвор.

По основ на нарушување на јавен ред и мир приведени се вкупно 41 лице, од нив најголем дел 22 за учество во тепачка. Едно лице е приведено со оружје, 60 за поседување опојни дроги, од кои 54 за тревкасти материи, 18 лица се приведени со патничко возило, како и четири лица со мотоцикл без документација.

Алфите асистирале при вршење претрес во 21 случај при што е одземени пари, накит, техничка опрема и друга стока, стекнати противзаконски или користени при извршување кривично дело.

Припадниците на оваа единица извршиле спровод на 19 лица, а 13 предале на сообраќајна патрола.

Би можело да ве интересира

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Лекари, вработени во клиники, адвокати меѓу осомничените за измамите со парите за туѓа нега и инвалидски пензии

Катерина Ѓуровски