„Виз Ер“ ги суспендира летовите од скопската база до 4 април

Од:

Сите летови на авиокомпанијата „Виз Ер“ од скопската база ќе бидат суспендирани до 4 април. Овие мерки беа објавени на 18 март во 23 часот по локално време, следејќи ги рестрикциите на македонските власти во обидите да го спречат ширењето на коронавирусот, соопшти денеска „Виз Ер“.

Како што информираше вчера министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, со оглед на фактот дека и двата аеродорма во државава се затворени и нема операции, договорот за финансиска подршка со „Виз Ер“ е ставен во мирување, со што нема да се исплаќаат субвенциите од државата по тој основ.

„Виз Ер“ информира и дека патниците со резервирани билети погодени од суспендираните летови кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. Сто и дваесет проценти од оригиналната цена ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и тие ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на „Виз Ер“.

Патниците, исто така, можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира – и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака. Во тој случај, патниците ќе можат да изберат 100 проценти поврат на сумата. Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции – вклучувајќи ги и онлајн туристичките агенции – треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети, стои во соопштението од авиокомпанијата.

Би можело да ве интересира

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран

Несреќа во Франција: Се урнаа два борбени авиони

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Летовите од аеродромот во Братислава се прекинати поради предупредување за бомба