А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жените во Македонија живеат подолго од мажите

by А1он06/04/2013 - 11:4906/04/2013 - 12:00160
Share0

Очекуваното траење на животот на населението во земјава изнесува 74,81 г., или жените живеат 77 години, додека мажите 72,7 години.

Следете a1on на Instagram Instagram

Државниот завод за статистика, по повод Денот на здравјето, 7. април, направи избор од демографските податоци и показатели за следење на состојбите на јавното здравство и здравствената заштита.

Во 2011 година сме имале младо население (0-14 години) 17,3 проценти, додека старо население (65 и повеќе години) имало 11,8 проценти. Промените во старосната структура на населението влијаат и врз бројот на умренитe лица во државата.

– Бројот на умрените во 2011 година е зголемен за 1,8 отсто во однос на претходната година и изнесува 19.465. Просечната возраст кај умрените мажи е 69,9 години, а кај жените е 74,4 години, стои во податоците на Заводот за статистика.

Според информациите од Заводот, најчести причини за смрт се болестите на циркулаторниот систем, кои предизвикале смрт кај 59,2 % од умрените. Потоа следува ракот кој усмртил 18,2 % од умрените па болестите поврзани со метаболизмот и жлездите.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во Република Македонија, во 2011 година, 89,1 проценти од населението имале пристап до примарната здравствена заштита, што е за 3,6 отсто помалку во однос на претходната година – велат од заводот.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје од 2010 година, во земјава има 2,7 лекари, 1 стоматолог и 4,6 болнички постели на 1.000 жители.

statistika

Би можело да ве интересира

Индустриските производи со повисоки цени во март

Горан Наумовски29/04/2026 - 10:3629/04/2026 - 10:39

Во Македонија жените се подолговечни од мажите

Горан Наумовски20/03/2026 - 08:1120/03/2026 - 08:12

Бројот на странските туристи лани зголемен за 10,3 отсто

Горан Наумовски12/02/2026 - 08:22

ДЗС: Поскапеа услугите за транспорт и складирање, но и телекомуникациите

Горан Наумовски29/08/2025 - 14:12

Негативен природен прираст и во второто тримесечје, 1.135 помалку родени од умрени

Горан Наумовски27/08/2025 - 12:3927/08/2025 - 13:09

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 22.5 отсто

Горан Наумовски31/07/2025 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто