МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Од:

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата.

Владата и стопанството, како што информираат од МТСП, имаат иста цел – во услови кога се спроведуваат мерки и активности за заштита и превенција од ширење на коронавирусот, истовремено да се организира работењето на компаниите за што поефикасно справување со негативните последици.

Од Министерството апелираат до правните субјекти во оваа вонредна состојба сите да покажат одговорност. Посочуваат дека инспекциските служби се на терен и ќе го следат почитувањето на препораките.

Препораките за организирање на работниот процес се следните:

1. Во погоните каде непосредно се врши производниот процес да се лимитира бројот на вработени до таа мера да работниците бидат на растојание од 1,5 до 2 метри.

2. Во самиот погон задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција нa раце и работни површини.

3. За време на работното време од страна на вработените да се почитуваат општите препорачани мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце и дезинфекција со употреба на дезинфекциони средства на база на алкохол).

4. Да се врши почесто проветрување на работните простории односно повеќе пати во текот на денот и доколку е тоа можно (преку природна и вештачка вентилација).

5. Еднаш неделно да се врши дезинфекција на сите работни простории, особено во погоните, од овластена служба за тоа.

6. Во случај на непосреден контакт со позитивен лабораториски потврден случај на КОВИД-19 (со или без симптоми), лицето веднаш се изолира и се пријавува до надлежен Центар за јавно здравје.

7. Да се избегнува контакт на вработените лица од погоните меѓу себе во текот на работниот процес, а особено со административните службеници.

8. Во случај на потреба од административна работа, потпишувањето на хартиени докумени да се спроведува исклучиво преку едно одредено лице кое носи лична заштитна опрема на себе (заштитна маска и ракавици).

9. Лицата задолжени за обезбедување на објектот да носат исто така лична заштитна опрема.

10. Возачите кои дистрибуираат готови производи, репроматеријали, хартиени документи, исто така да носат лична заштитна опрема.

11. Да не се одржуваат состаноци/колегиуми и истите да се спроведуваат по телефон или на меил, информираат од Министерство за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците