Subaru минатата недела го претстави концептот WRX, кој најдобро покажува што може да се очекува од јапонскиот производител во иднина.
Најголемoтo изненадување е изгледот на новиот модел кој необично многу потсетува на Jaguar.
Најверојатно „младоликоста“ со која се одликуваше неговиот претходник, ќе биде целосно збришана доколку концептот го задржи изгледот во текот на сериското производство.
Широките отвори околу светлата за магла и задните светла му даваат на автомобилот позрел изглед.
Линиите кои асоцираат на широк став и силен карактер продолжуваат околу страните и на задниот дел, каде капакот од багажникот е дизајниран да изгледа како спојлер.
Иако Subaru тежнее кон „повозрасен“ изглед за следната генерација WRX, производителот сепак не можеше да одолее на играта со барем неколку неонски детали: WRX знакчето на предната решетка, дисковите од тркалата, па дури и врвовите на издувните цевки – сите се со жолта флуоресцентна завршница.