Полициски час во Саудиска Арабија, ОАЕ ги суспендира летовите

Од:

Во Саудиска Арабија вечерва стапува во сила полициски час ширум земјата откако бројот на инфицирани со Ковид-19 забележа раст од речиси 25 проценти, додека Обединети Арапски Емирати ги суспендираа сите патнички и транзитни летови кон и од земјата.

Полицискиот час според наредбата на саудискиот крал Салман ќе трае 21 ден во периодот од 19 до шест часот.

Во Саудиска Арабија регистрирани се 119 нови случаи, со што бројот на заразени со новиот коронавирус се искачи на 511, што е најголема бројка помеѓу државите во Персиски Залив.

ОАЕ ги суспендира летови на две недели, но ќе функционира товарниот превоз.

Во ОАЕ ќе бидат затворени се трговските центри, додека аптеките и супермаркетите ќе бидат отворени. Рестораните ќе бидат ограничени само на достава на храна.

Би можело да ве интересира

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски