Најмалку 36 лица загинаа денес кога цистерна со бензин експлодира, по судир со автобус во Нигерија, соопшти портпаролот на Федералната комисија за безбедност во сообраќајот.
– До сега се потврдени 36 жртви, изјави портпаролот Јонас Агву, кој додаде дека несреќата се случила на автопатот во јужната нигеријска држава Едо.
Повеќе информации се уште не се соопштени.
Елена Георгиевска