Трамп со нареедба за испраќање федерална помош за најпогодените американски држави од Ковид-19

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека наредил Федералната служба за управување со вонредни состојби (ФЕМА) да испрати мобилни болнички центри на најпогодените американските држави од коронавирусот – Вашингтон, Калифорнија и Њујорк.

Трите држави ќе добијат 4.000 дополнителни кревети, од кои 1.000 ќе бидат лоцирани во најтешко погодената држава Њујорк и 2.000 во Калифорнија, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.

Трамп изрази одредено незадоволство од одговорот на Кина на коронавирусот и повторно го обвини Пекинг дека не дели клучни податоци за епидемијата.

Кинеските власти „требаше да не информираат“, истакна американскиот претседател.
Тој повторно ги опиша кинеско-американските односи како „многу добри“, но додаде дека „би го ценел тоа доколку бевме информирани за проблемот три месеци порано“.

– Ние би спасиле многу животи низ целиот свет“, истакна Трамп.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак