Агентот на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело зборуваше за тоа зошто играчот не замина во Јувентус.
– Фактот дека Лукаку го носи дрес на Интер е последица на тоа што Пауло Дибала не можеше да оди во Манчестер јунајтед. Ромелу секогаш сакаше да ја напушти Премиер лигата и да игра во клуб каде што ќе биде сакан. Тој веднаш го почувствува топлиот став на навивачите на Интер во споредба со ставот на навивачите на Јуве.Преселбата на Лукаку во Јувентус ја посакуваа многумина, но за Интер овој трансфер требаше да биде пресврт, манифестација на желбата да се започне со победничкиот циклус. Лукаку почувствува дека Интер му е потребен. Конте изврши голем притисок врз клубот да го донесе играчот , изјави агентот на фудбалерот.
Белгискиот репрезентативец пред Интер играше за Манчестер јунајтед, Евертон, Вест Бромвич, Челзи и Андерлехт.