Автоматизирана пумпна станица во с.Селце-Прилепско

Од:

ЈКП „Водовод и канализација“ денес ја стави во функција автоматизираната пумпна станица. Овој проект е дел од оперативниот план на претпријатието, чија цел е подобрување на водоснабдувањето во населените места, но и намалување на трошоците за електрична енергија и загубите на вода.

Со оваа пумпа ќе се обезбедува континуирано и непречено снабдување со вода на населенето место Селце, односно се воспоставува автоматски режим на работа на пумпната станица. Со овој проект се очекува да имаме заштеда на електрична енергија и континуирано снабдување на корисниците – изјави директорот на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп, Сашо Николоски.

Се очекува инвестицијата да се врати за 2-3 години. Проектот е вреден 1,5 милиони денари, кои се обезбедени од јавното комунално претпријатие.

Според градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, патиштата, водоводот и канализацијата се главните компоненти за пристоен живот во населените места. Вети дека локалната самоуправа и понатаму ќе инвестира во подобрување на водоснабдувањето на територијата на општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски