Општина Карпош: Е-Едукација за дечињата од Градиниките

Од:

Претшколските установи од Општина Карпош започнуваат со прилагодена online едукација за децата. Градинките „Орце Николов“, „Мајски цвет“, „Распеана младост“ и „Пролет“ ќе прикачуваат едукативно – рекреативни содржини, за децата од две до шест години, информираат од Општина Карпош.

Содржините ќе можат да ги отвораат родителите на децата, кои лесно можат да се гледаат во домашни услови. Дел од содржините ќе бидат прикачени на платформата Google drive, но и на веб страните на градинките.

-Примарната цел на локалната самоуправа е да им се понудат едукативни содржини на најмладите, во периодите додека седат дома и не посетуваат предучилишно образование, како резултат на Covid – 19 (коронавирус). Воспитниот кадар на градиките од Карпош, исто така, е дел и од едукативната телевизиска програма која се емитува на Националниот радиодифузен сервис, а е наменета за децата кои посетуваат градинка, се вели во соопштението од општина Карпош.

Во десетте основни училишта во Карпош веќе една недела се применува е – настава, во деветите одделенија, но и во пониските класови.

Од Општина Карпош, ги повикуваат учениците, наставниот и воспитниот кадар да се придржуваат до насоките за настава по електронски пат и одговорно да се исполнуваат задачите.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски