Иран го осуди нападот врз Британската амбасада во Техеран од пред две години

Од:

Потпретседателот на иранскиот Парламент Мохамедреза Бахонар денеска го осуди нападот врз зградата на Британската амбасада во Техеран во 2011 година, по што Велика Британија ја затвори својата дипломатска мисија во Иран и ги протера иранските дипломати од Лондон.

Според техеранските медиуми, Бахонар рекол дека „никој нема право да атакува врз амбасада на странска земја“, како и дека „обврска на Иран е да ги заштитува странските дипломатски мисии“.

Осудата на нападот од пред две години доаѓа во време кога властите во Техеран преговараат со меѓународната „шесторка“, постојнаите пет членки на ОН и Германија, за контроверзната иранска нуклеарна програма.

Минатата сабота, иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи откри дека официјален Техеран во неколку наврати и предложил на британската Влада повторно да ја отвори својата дипломатска мисија.

Во текот на демонстрациите кои пред две години беа организирани во знак на протест поради решението на Владата во Лондон да ги заостри санкциите кон Иран, група најмалитантните демонстраните навлегоа во Британската амбасада.

Би можело да ве интересира

Исламските земји одржаа итна седница, сите погледи вперени кон Техеран

„Њујорк Тајмс“: Шефот на Хамас бил убиен со бомба сокриена во гостинската куќа во Техеран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Млад пар во Иран објави видео како танцуваат на улица, судот ги осуди на 21 година затвор

А1он

Објавена снимка од надзорната камера: Со „калашников“ пукаше кон амбасадата на Азербејџан во Иран, убиен чувар

А1он

Вооружен со „калашников“ се пробил до обезбедувањето, едно лице убиено: Напад на амбасадата на Азербејџан во Иран

А1он

Техеран: Одлуката за исклучување на Иран од Комисијата на ОН за статусот на жените е политички мотивирана

А1он