Во Прилеп нови договори за легализација преку „Хабитат“

Од:

Невладината организација „Хабитат“ денеска во Прилеп со ромски семејства во населбата Тризла склучи нови 19 договори за бескаматен заем за легализација на дивоизградени0 објекти.

– Продолжуваме со финансирање на ромските семејства да си ги легализираат домовите. бескаматниот заем е доволен за елаборатот и за уписот на објектот во катастарот. Досега со ромските семејства во Прилеп се склучени 85 договори и ќе продолжиме се додека има интерес, изјави Кристина Тасева, претставник на „Хабитат“.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, активностите на „Хабитат“ многу помагаат во забрзување на процесот на легализација, а Прилеп е лидер во државава по бројот на легализирани објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница