Владата донесе одлука дека нема да има избори на 12 април

Од:

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе уредба со законска сила за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес, односно одложување на изборите кои беа закажани за 12 април.

Тие велат дека оваа одлука ја донеле заради вонредната состојба, која пак е прогласена за ефикасно спречување на внесување и ширење на коронавирусот и заради тоа што Собранието не се состанува за да ја поништи одлуката за распуштање.

„Во такви услови, а заради неопходната потреба успешно да се спроведат мерките за справување со коронавирусот во земјата, Владата донесе Уредба за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, кои се закажани за 12 април 2020 година. Со оваа Уредба Владата ја задолжува Државната изборна комисија да ја обезбеди и чува постојната изборна документација до продолжување на спроведувањето на изборните дејствија и изборите, кои ќе продолжат откако ќе биде прогласен престанок на вонредната состојба“, информираа од Владата.

Уредбата определува задолжување за Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на престанок на вонредната состојба да објави на својата веб страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски