(ВИДЕО) Вучиќ ги дочека кинеските лекари и помошта за Србија: Кина е нашиот најголем пријател

Од:

Најголемиот авион на Ер Србија, ербас А330 со медицинска опрема и експерти од Кина кои ќе помагаат во справување со коронавирусот слета вечерва во Белград. Српската делегацијата со аплаузи ги дочека кинеските лекари и помошта што кинескиот претседател ја прати за Србија.

-Од вечерва ќе слушаме и ќе правиме се што ќе ни кажат овие лекари, тоа е од почит кон оние кои покажаа дека можат да го победат најголемиот непријател на денешницата, а тоа е коронавирусот. Големо благодарам за претседателот Си Џипинг, до народот на Кина. Србија ова не смее да го заборави, рече Вучиќ.

Амбасадорката на Кина во Србија, Чен Бо кажа дека лекарите се повлечени од првата линија на фронтот против коронавирусот.

-Ние сме челични пријатели, делимо добро и лошо. Од почетокот на борбата против коронавирусот добивме помош од Србија. Сега кога Србија се соочува со ширење на вирусот и ние сме подоготвени да дадеме помош. Денеска стигна првиот дел од помошта, и ќе се бориме до победа, рече амбасадорката.

Уште еден српски авион простигна во Шангај и од таму ќе тргне со втора пратка кон Србија. Апелот на Вучиќ за помош наиде на голема гледаност во Кина, односно го видеа 500 милиони луѓе кои во коментари порачуваа да се испрати секаква помош што е потребно за Србија.

Вучиќ вечерва кажа дека без разлика дали некој ќе се налути, сепак Кина е најголем пријател на Србија со оглед дека само таа реагира и дава помош кога е најтешко.

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Ќе биде сместен во стаклена, затемнета “кутија“, вака ќе изгледа сведочењето на момчето убиец

(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Катерина Ѓуровски

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ