Во Иран повеќе смртни случаи од конзумирање алкохол отколку од коронавирус

Од:

Стотина Иранци починале од труење со алхохол во последните неколку недели, бидејќи верувале дека етанолот и метанолот од индустриското производство ќе им помогнат да не заболат од коронавирусот што ја има зафатено земјата, пишуваат тамошните медиуми.

Само во провинцијата Франс, починале 61 лице, што е петпати повеќе од лица кои починале како резултат на коронавирусот во овој регион, објавија иранските медиуми.

Од 6 март до денеска, 427 лица имале труење поради прекумерно конзумирање алкохол, а 14 се на интензивна нега.

Иранскиот здравствен систем се бори да се справи со епидемијата од коронавирус, а бројот на заболени е 17.000 лица, додека повеќе од 1.100 починале. Кризата со здравството во овој регион е влошена бидејќи Иран се соочува со санкции од САД што доведе до недостиг на лекови, како и крвети и потребни медицински средства.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он