Европратеници бараат да се укинат забраните за извоз на медицинска опрема кон Балканот

Од:

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук, и други европратеници и испратија писмо на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое бараат западниот Балкан да биде изземен од рестрикциите за извоз на заштитна медицинска опрема од ЕУ, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија одлучи дека изземени од рестрикциите ќе бидат само Обединетото Кралство, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Швајцарија, Ватикан и Андора, но не и западниот Балкан.

-Рестрикциите за извоз на медицинска опрема може да имаат сериозни последици за западниот Балкан. Здравствените системи во овие земји се генерално послаби, затоа граѓаните од западниот Балкан имаат потреба од засилена заштита од ЕУ, пишува Ќучук до фон дер Лајен.

Европратеникот заедно со другите европратеници потписници на писмото бараат Западниот Балкан да биде вклучен во списокот на изземени држави за извоз.

Тие сметаат дека регионот треба да биде вклучен и во јавните набавки за кризни производи.

-ЕУ постојано го става процесот на интеграција на западниот Балкан на пауза, но овие земји со години нѐ поддржуваат за миграцијата и други области. Сега сме ние на ред да покажеме солидарност. Пандемијата ги засега сите и солидарноста на сите европски земји може да спаси животи, стои во писмото до шефицата на Европската Комисија.

Пратениците се “уверени“ дека фон дер Лајен “сериозно“ ќе се справи со ова прашање.

Паралелно со ова писмо, известувачот за Северна Македонија поднесе и писмено прашање до Европската Комисија бара да знае дали Европската Комисија планира да пренасочи неискористените средства од претпристапните фондови за да им помогне финансиски на државите од регионот и кои други мерки планира да ги преземе за да им помогне.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ