Според министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска Управните служби на МВР ќе работат и за време на викендот.
Граѓаните ќе имаат можност во сабота во перидот од 08:30 до 16:30 часот да аплицираат во сите подрачни единици за добивање на нов личен документ.
Управните служби пак во недела ќе дежураат по потреба за издавање на веќе изготвените документи.
Единствено во Скопје граѓаните ќе може и во недела да аплицираат за лична карта.