Жител на Чегране наместо во самоизолација се шетал низ населено место, Обвинителството бара казна од судот

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар до Основниот суд во Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице, обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот од 13 март бил должен да биде во задолжителна домашна самоизолација во траење од 14 дена, но не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на заразната болест предизвикана од вирусот COVID 19. На 19 март тој излегол од неговиот дом во селото Чегране и се движел низ населеното место, при што бил затекнат од полициски службеници.

Надлежниот јавен обвинител побара од Судот да му определи на обвинетото лице парична казна во износ од 10 до 100  дневни глоби заради непочитување на задолжителните здравствени мерки​.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска