За 24 часа три нови жртви и 31 нов случај на коронавирус во Грција

Од:

Во изминатите 24 часа, три лица починале во Грција од коронавирусот, додека пак регистриран е 31 нов случај на Ковид-19 во земјата со што бројот на потврдени случаи достигна до 495 случаи, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас,  на денешната редовна прес конференција рече дека 90 лица се хоспитализирани, 20 се приклучени на апарати, а 19 се пуштени од болница.

Починатите, пак се мажи кои претходно имале здравствени проблеми.

До сега во Грција биле анализирани над 7200 примероци, а од потврдените случаи повеќето се во Атина.

-Нашите предвидувања, врз основа на податоците што ги имаме на располагање, остануваат стабилни за развојот на вирусот во нашата земја. Ако ритамот на зголемување се промени, ако ритамот на сериозни случаи, особено кај возрасни лица и кај хронично болни брзо се промени во нагорна линија и излезе вон нашите предвидувања, зависи од точноста со која се придржуваме кон мерките. За сега, сме во рамките на предвидувањата. Мислам дека точна слика за текот на епидемијата, ќе имаме за околу две седмици, рече Циодрас.

Професорот уште еднаш повтори дека за младите кои што се здрави и имаат лесни симптоми на вирус не е потребна лабораториска анализа.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит