Откажа дел од системот за ладење во јапонската нуклеарна електрана „Фукушима“, што беше оштетена од цунамито, а тоа се случува втор пат во последниот месец.
Откако се огласил алармот на реакторот број три, испитувањата покажале дека престал да работи системот на еден од базените што соддржат потрошено, но и натаму високо радиоактивно нуклеарно гориво.
Се смета дека престанакот со работа на системот не претставува непосредна опасност, пренесува Би-Би-Си.
Минатиот месец, заради престанок на напојувањето со електрична енергија, системите за ладење престанаа да работат во четири базени во кои се наоѓаше потрошено нуклеарно гориво.