Тасманија ќе се изолира од Австралија за да го спречи ширењето на коронавирусот.
Почнувајќи од утре, секој кој ќе дојде на Тасманија од друг дел на земјата ќе мора да помине две недели во карантин.
Забраната нема да се однесува на бродот „Аурора Аустралис“ на кој се наоѓаат 55 членови на експедицијата од Антарктикот и 26 членови од персоналот.
Голем дел од членовите на експедицијата поминале една година на островот Маквори, правејќи научни истражувања.
Во Австралија веќе е прогласена вонредна состојба.
Државјани на Австралија кои доаѓаат од странство мора да се во самоизолација 14 дена, а сите кои не се државјани на Австралија имаат забранет влез.
Сепак, ниту една земја во светот досега нема воведено национални ограничувања.
Во Австралија бројот на заразени со коронавирусот е 876 лица, од кои 46 се излечени, а седум се починати.