„Цивил“: Граѓаните се заплашуваат и уценуваат

Од:

За уцени и заплашувања на гласачите укажуваат од невладината организација „Цивил – Центар за слобода“.

Се врши голем притисок да го дадат нивниот глас за одреден кандидат за градоначалник.

„Граѓанка од една општина каде што има втор круг гласање извести дека еден од градоначалничките кандидати кои се натпреваруваат во вториот изборен круг лично и се заканил дека доколку не ги добие гласовите од членовите од нејзиното семејство, еден од нив ќе добие отказ од работното место кое е под нивна контрола“, велат од „Цивил“.

„Цивил“ ги повикува граѓаните да пријават нерегуларности, закани, притисоци и секакви прекршувања на загарантираните човекови права и слободи на телефоните 02/520 91 76 и 075/742 445“.

Со целосен извештај за изборите ќе ги информираат релевантните домашни институции и организации, како и странски мисии, за сите случувања.

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски