Петровска: Натрупаност во „шеста управа“ има поради Чулев, тие можат да помагаат во СВР Скопје каде се потребни

Од:

Секторот за обезбедување при МВР има средства за дезинфекција и точно е дека е пренатрупан, но тоа е резултат на укинатите наредби од Чулев. Вака техничката заменик-министерка, Славјанка Петровска за „А1он“ ги објаснува написите по одредени медиуми кои објавија писмо, за кое тврдат дека е од вработени во Секторот за обезбедување познат како „шеста управа“, во кое се жалат бидејќи 20 луѓе седеле во канцеларија од триесетина квадрати.

Од министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев не успеавме да добиеме одговор што се случува во Секторот за обезбедување и да ги искоментира наводните поплаки, бидејќи тој не одговори на телефонските повици.

Петровска вели дека во секторот не се потребни припадниците кои се преместени таму со новите решенија, додека пак во СВР Скопје има недостиг од кадар кој врши контроли на лицата во самоизолација поради коронавирусот.

„Овој проблем го проверив, не е точно дека нема средства за дезинфекција, патем, начаникот ми посочи дека има и резерва. Факт е дека тој сектор е пренатрупан, ама тоа настана со телеграмата за укинување на наредбите од Чулев за која јас тогаш реагирав бидејќи ја загрозуваше безбедноста бидејќи вработени се повлекуваа од терен. За ова поднесов и кривична пријава. Тие лица добија решенија, ги потпишавме заедно, бидејќи ако се вратеа на местата каде биле претходно, ќе се дуплираа вработените“, објаснува Петровска.

Според неа, МВР има потреба од овие вработени, вели Петорвска, која посочи дека можат да бидат засилување на СВР Скопје.

„МВР има потреба од тие луѓе. Можат да бидат засилување на СВР Скопје. Наместо полицајците во униформа да ги контролираат лицата во самоизолација поради коронавирусот, тие можат да ја завршат таа работа. Ова е мојот предлог за надминување на тој проблем“, рече Петровска.
Чулев на крајот од февруари изјави дека ќе се спроведе итна јавна набавка за заштитна опрема и дезинфекциони средства за сите вработени во МВР да бидат соодветно заштитени.

Би можело да ве интересира

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

(ВИДЕО) Агитирање и летоци – нема посериозни инциденти за изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Поткуп со бонови за бензин, агитирање, закани по телефон за време на предизборниот молк

Катерина Ѓуровски

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он