Заразените со коронавирус кои имаат и други болести ќе се оперираат во „8 Септември“

Од:

Болницата „8 Септември“ е обезбедена за лекување на лица кои имаат потреба од здравствен третман, но постои сомнение или се дијагностицирани дека имаат коронавирус. Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека е направен алгоритам за работа, план за движење, а кадарот поминал кратка едукација како да зема материјал за испитување.

„Со ова ги обезбедуваме сите пациенти од државата, во моментот кога ќе бидат дијагностицирани или сомнителни дека имаат коронавирус, а ќе имаат потреба од друг тип на хируршка интервенција, директно да бидат препратени во болницата „8 септември“, со цел да не шетаат по другите здравствени институции, бидејќи тука има воспостсавено алгоритам, како и кратка едукација на медицинскиот кадар во смисла на тоа како се пристапи, земе материјал, при што ако станува збор за пациент за кого има само сомненине и без итност, резултатот ќе се почека и ќе се одлучи како ќе се лекува“, посочи Филипче.

Во болницата е обезбеден оддел со 22 кревети и 2 респираторни машини, како и посебна операциона сала, кабинет за ехо и други потребни оддели кои треба да бидат изолирани за сомнителните или дијагностицираните пациенти со коронавирус.

„Направивме план за ставање во функција и треман на пациенти со коронавирус во болницата „8 Септевмри“, со оглед на тоа што се изнудува потреба за друг тип на лекарска интервенција на пациенти кои се сомнителни или имаат потврден коронавирус, а со цел да се зачуваат останатите капацитети. Денеска, болницата ја посетивме со посебна комисија, директори на повеќе клиники, претставници на Комисијата за инфективни болести. На лице место се утврди и патот, текот на движење на пациентите, делови за изолација во делот на тријажата, приемните амбуланти, една посебна операциона сала, една посебна ангиогравска сала, посебен кабинет за ехо, еден целосно посебен оддел кој има 22 кревети и 2 респираторни машини“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска