Крамп-Каренбауер: Германија ќе ги мобилизира воените резервисти за борба против коронавирусот

Од:

Германија ќе ги мобилизира воените резервисти за борба против ширењето на коронавирусот, изјави денеска министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

– Околу 2.300 воени резервисти и 900 „санитарни резервисти“ веќе одговориле по првиот повик упатен минатата недела, изјави Крамп-Каренбауер, додавајќи дека ќе бидат упатени повеќе апели.

Германија има околу 75.000 воени резервисти.

Во Германија, 10.999 луѓе се заразени со новиот вирус Ковид – 19, а 20 починаа.

Канцеларката Ангела Меркел вчера изјави дека пандемијата на овој вирус е најголемиот предизвик за Германија по Втората светска војна. 

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ