Олимпискиот оган денеска ќе им биде предаден на организаторите на „Токио 2020“

Од:

Олимпискиот оган што минатиот четврток беше запален во античка Олимпија, денеска, во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио, на церемонија затворена за јавноста и за акредитираните новинари, а во присуство на претседателката на Грција, Екатерини Сакеларопулу, како и мала делегација на Организацискиот комитет Токио 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Церемонијата на Олимпискиот стадион во Атина ќе биде скромна, со штафетно предавање на огнот во кое ќе учествуваат двајца олимписки шампиони од Грција и двајца од Јапонија.

Претседателот на грчкиот Олимписки комитет, Спирос Капралос, олимпискиот оган ќе и го предаде на поранешната јапонска пливачка, Наоко Имото за да започне патувањето на огнот кон градот организатор на Летните олимписки игри.

Во петокот, поради неочекувано големото присуство на граѓаните, и покрај забраните и препораките, на манифестацијата, на која популарниот актер Џералд Батлер го запали олимпискиот оган во грчкиот град Спарта, од грчкиот Олимписки комитет соопштија дека го прекинуваат штафетното предавање на олимпискиот оган низ Грција и директно ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио.

Популарниот актер Џералд Батлер, кој ја играше главната улога – Леонидас, во филмот „300“, беше дел од штафетното предавање на олимпискиот оган во грчкиот град Спарта и веднаш по палењето извика „This is Sparta“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он