Порталот „Инфомакс“ објави дека државата ќе остане без леб, потенцирајќи дека се извезува пченица за Косово. Веста ја пренесоа и други портали.
Лажна вест: Ќе останеме без леб за 26 дена
Порталот „Инфомакс“ објави дека државата ќе остане без леб. Mинистерот Бектеши порача да се засрамат поради ширењето на лажни вести
Posted by A1on.mk on Среда, 18 март 2020
Министерот за економија, Крешник Бектеши, експресно ја демантираше веста и им порача на порталите да се засрамат за ширењето на лажни вести во кризна ситуација предизвикана од коронавирусот.
„Некои медиуми денеска објавија дека камиони со македонска пченица се извезуваат во Косово и дека имаме резерви за само 26 дена. Сакам да им порачам на сите вакви медиуми што шират лажни вести да се засрамат“, напиша Бектеши.