Забрана за јавни собири на над десет лица во Грција, казни од 1000 евра за прекршувачите

Од:

Од утре во Грција се забрануваат надворешните јавни собири со учество на десет или повеќе лица, а предвидена е казна од 1000 евра по човек и случај, соопшти заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, на денешната прес конференција, а паралелно упати строга препорака до граѓаните движењето да го сведат само на неопходно излегување од дома.

Хардаљас порача дека граѓаните мора да останат во нивните домови за максимално да избегнат контакти со лица вон семејството, а движењето надвор „треба да се сведе на минимум и само поради конкретни причини и неопходни работи“.

-Прифатени исклучоци постојат за: одење на работа, посета на лекар, одење во продавница за снабдување со храна, кога што не постои можност за достава, одење во пошта за апсолутно неопходни пратки, одење во банка, одење на бензински пумпи, движење за помош на луѓе кои докажано имаат потреба, физичка активност во надворешен простор, индивидуално и до две лица, но со потребното растојание од еден и пол метар, како и движење со домашно милениче, рече Хардаљас, а на новинарско прашање дали од граѓаните ќе се бара некаков доказ каде одат, објасни дека сепак станува збор само за строги препораки.

Заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, порача дека компаниите треба да работат телеконференциски.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит