Филипче: Останете дома, не се групирајте, заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните

Од:

Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега. Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

Но, посочува министерот, тоа институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните.

– Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик. Сите информации и препораки ги имате на овој линк: https://vlada.mk/covid19 #ЗаштитиСе #СедиДома , истакнува Филипче.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on