Британската кралица од Лондон ќе се пресели во замокот Виндзор

Од:

Британската кралица Елизабета Втора откажа забави во градината во Бакингемската палата во Лондон и ќе го напушти главниот град в четврток. Таа и семејството ќе се упатат кон замокот Виндзор поради пандемијата на новиот коронавирус, соопштија од кралското семејство.

Неколку состаноци во Бакингемската палата оваа недела, вклучително и аудиенцијата на кралицата со премиерот Борис Џонсон, ќе се одржат според планираното, се вели во соопштението.

Од Палатата додаваат дека кралицата Елизабета ќе се пресели во замокот Виндзор за Велигден в четврток, 19 март, една недела пред планираното.

„Кралицата веројатно ќе остане таму и по Велигден“, се наведува во соопштението. Замокот се наоѓа во Беркши, југоисточна Англија.

Плановите на 93-годишната кралица беа променети „како разумна претпазливост и од практични причини поради сегашните околности“, објаснуваат од палатата.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија