А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Граѓаните и фирмите да користат алтернативни начини на комуникација со АЕК

by А1он17/03/2020 - 12:12259
Share0

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги охрабрува граѓаните и соработниците да користат алтернативни начини за комуникација со оваа институција. Нејзините вработени по препораките од Владата за спречување на ширеењето на коронавирусот ќе ги извршуват од дома работните задачи за кои не е потребно физичко присуство во просториите на Агенцијата.

Добивај вести на вибер

-Во најголема мерка треба да се користат алтернативните методи на комуникација како што се: пристап до информации преку контакт центарот на Агенцијата достапен на бројот 190, доставување барања и дописи преку електронска пошта [email protected], комуникација со вработените преку електронска пошта или преку телефон. Контактите на вработените вклучително електронската пошта, мобилен и фиксен телефонски број се достапни на веб страната на Агенцијата www.aec.mk .Во ситуации кога ќе треба да се обратат  по писмен пат, дописот ќе треба да го остават на рецепцијата на Агенцијата, а стручните служби ќе постапат, објави АЕК на својата веб страница.

Вработените во АЕК ќе ги користат сите расположливи технички алатки со цел да се избегне непосреден контакт, како што се: виртуелни конекции за пристап до податоците и системите, видео конференции, комуникација преку интернет алатки и електронска пошта.

За сите активности кои што се поврзани со пристап до системи за кои што нема можност да се пристапи од дома, активности кои што се поврзани со стручни надзори во однос на работата на операторите и исполнување на законските обврски, теренски излегувања и отстранувања пречки во радиофрекфенцискиот спектар и слично, вработените редовно ќе постапуваат согласно воспоставениот начин и метод на работа.

-При ваквиот начин на алтернативна работа настојуваме во целост да ги испочитуваме законските рокови и обврски за квалитетот и достапноста на електронските комуникациски услуги како и законските надлежности што ги има Агенцијата, а во исто време да бидеме во насока со препораките на Владата и да го сведеме на минимум ризикот од ширењето на Корона вирусот COVID-19. Ваквата начин на работа ќе биде координиран од кризниот штаб во Агенцијата, кој што денес го одржа првиот состанок. Кризниот штаб редовно ќе состанува со цел да се согледаат ефектите и евентуалните проблеми од ваквиот начин на работа, се вели во објавата.

aekkoronavirus mkd

Би можело да ве интересира

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

Горан Наумовски14/01/2026 - 17:07

„Оне Македонија телекомуникации“ избран за трет мобилен оператор

Катерина Ѓуровски12/01/2026 - 13:50

До 12 јануари 2026 година продолжен рокот за конечна одлука за најповолен понудувач за трет мобилен оператор

Катерина Ѓуровски24/11/2025 - 11:51

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

А1он22/08/2025 - 08:25

АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање

Предраг Петровиќ19/07/2025 - 08:44

Ракометното реванш финале Алкалоид – АЕК е откажано „од безбедносни причини“ – соопштија од ЕХФ!

А1он25/05/2025 - 21:5225/05/2025 - 21:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен