Груевски: Време е и Дебрца да влезе во победничката екипа која работи, прави дела и решава проблеми

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг во населеното место Мешеишта ги повика жителите на општина Дебрца својот глас да го дадат за кандидатот за градоначалник на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Трајкоски.

– На 7 април важно е да се излезе и да се даде доверба на човек кој што ќе помогне Дебрца да се придвижи, да оди напред и да се решат по некои проблеми. Време е и Дебрца да се приклучи на победничката коалиција, да влезе во победничкиот табор, во победничката екипа која работи, создава, гради, прави дела и решава проблеми, рече Груевски.

Тој нагласи дека граѓаните имале можност 16 години да видат што ќе направи актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски. Но, како што рече, не можеме да видиме ниту еден позначаен проект, освен бензинските пумпи на неговото семејство.

– Време е тој да си оди од функцијата, да дојде човек кој ќе работи, ќе создава, ќе се грижи за општината и за граѓаните и ќе прави дела, човек кој има план и програма и ќе можеме да соработуваме, како Влада да соработуваме и да си помагаме со проектите кои заеднички ги имаме зацртано за оваа општина, додаде Груевски.

Барајќи ја довербата на граѓаните од општина Дебрца за кандидатот Трајкоски, Груевски информира дека во неговата програма предвидено е отворање на нова индустриска зона, која ќе овозможи инвестиции и отворање на нови работни места. Во близина на оваа општина за годинава најави изградба на слободна економска зона или ТИРЗ. Според Груевски, се планира реконструкција на патот до населеното место Слиово, реализација на проектите за водоснабдување во селата Ботун, Требеништа, Волино и Климештани, изградба на регионален колекторски систем, реконструкција на резервоарот за вода во Лактиње, реконструкција на училишта, фудбалски игралишта, изградба на монтажни училишта…

Потсети на реализацијата на повеќе проекти во општината меѓу кои и реконструкцијата и проширувањето на аеродромот „Св. Апостол Павле“, реконструкција на патишта за населените места Врбјани, Годиље, Оровник, Волино-Мороишта, Лактиње.

– Направени се и многу други проекти, но многу не можевме да ги направиме бидејќи имаше градоначалник кој доаѓаше од партија која му даваше инструкции да не соработува со Владата и да ги кочи нејзините проекти, подвлече Груевски.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ