Димитров-Блок: Холандија смета дека С. Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на негово барање, вчера во вечерните часови телефонски разговараше со холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во светло на Советот за општи работи на ЕУ, којшто е предвиден да се одржи на 24 март, а на кој ќе се разгледува донесување на одлуката за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Блок го информираше Димитров дека во писмото до холандскиот парламент, холандската влада ги споделува наодите на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија продолжи да испорачува опипливи и одржливи резултати во однос на условите поставени од Советот на ЕУ во јуни 2018 година.

Министерот Блок уште еднаш истакнал дека Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, односно дека по донесувањето на Законот за јавно обвинителство не постојат никакви пречки за почеток на преговорите.

Министерот Димитров од своја страна ја реафирмираше заложбата на нашата земја за продолжување на зацртаниот реформски пат во однос на евроинтеграциите, а беа разменети и информации и за мерките против коронавирусот и ситуацијата на границите низ Европа.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија