ЕВН привремено ги затвора сите приемни канцеларии за корисници

Од:

Приемните канцеларии и Инфо центарот на енергетската компанија ЕВН нема да работат во периодот додека се во сила вонредните мерки за заштита од корона вирусот. Ќе се користат телефонските и електронските контакти на компанијата.

– Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема дополнителни мерки за заштита на корисниците и вработените. Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје. Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар. На порталот www.evnonline.mk, корисниците може да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури без да се регистрираат. Со регистрација на профил достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање потврда за успешно плаќање, соопшти ЕВН.

Во периодот додека се во сила вонредните мерки нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат. Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци). По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

-Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа, сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, на заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона. Ги замолуваме корисниците овие мерки и препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Ова е неизбежно за да останеме сите заедно во добро здравје и заедно да ја надминеме оваа состојба, стои во соопштението од ЕВН Македонија.

Би можело да ве интересира

МВР: Полициски инспектор крадел струја од бандера на ЕВН

Горан Наумовски

Без напон два далекувода за трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, на терен екипи на Електродистрибуција

Предраг Петровиќ

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

A1on