А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

УНИЦЕФ реагира на дезинформации за коронавирусот за кои е посочен како извор

by А1он16/03/2020 - 12:1816/03/2020 - 12:20270
Share0

Претставничката на УНИЦЕФ во земјава, Партиција ди Џовани во допис до медиумите реагира за дезинформации во врска со коронавирусот што се појавуваат на социјалните мрежи, а за кои како извор се наведува токму оваа организација на Обединетите нации.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ди Џовани наведува дека во овој момент е потребна внимателна подготвка што се потпира на научни податоци и дека многу луѓе споделуваат информации за вирусот и за тоа како да се заштитиме од него, но само некои од тие информации се корисни и проверени.

– Вчера видовме информација што широко се распространи преку социјалните медиуми во која УНИЦЕФ беше наведен како извор. Информацијата почнува со давање совет за користење маски и завршува со препорака да се прави гаргара со топла вода и сол за да се уништи вирусот во грлото. Тоа не е вистина. УНИЦЕФ не е извор на оваа информација. Сите информации што УНИЦЕФ ги споделува се објавуваат на локалната веб страна [unicef.mk] на глобалната веб страна [unicef.org] и преку социјалните медиуми Твитер, Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб, истакнува претставничката на УНИЦЕФ.

Ди Џовани ги повика сите што веќе ја споделиле таа информација да ги поправат своите постови така што ќе ја избришат информацијата и ќе ги известат своите мрежи дека информацијата не е точна и не доаѓа од УНИЦЕФ.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Ги охрабруваме сите да бидат претпазливи и одговорни кога станува збор за споделување информации со тоа што секогаш ќе проверат дали таа доаѓа од проверен извор како што се Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Светската здравствена организација и УНИЦЕФ. Одговорноста да се заштитиме себеси и другите вклучува и одговорност да провериме дали споделуваме информација од сигурен извор. Ширењето дезинформации во време на здравствена криза ги прави луѓето незаштитени и поподложни на болеста, дополнително ширејќи параноја, страв и стигматизација, се наведува во реакцијата.

koronavirusunicef

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски16/06/2026 - 10:4416/06/2026 - 16:40

За една недела во Либан убиени се 15 деца, десетици се ранети

Горан Наумовски30/05/2026 - 18:37

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Катерина Ѓуровски29/05/2026 - 09:25

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

Горан Наумовски11/07/2025 - 14:10

УНИЦЕФ: Најмалку 100 деца се убиени или ранети секој ден во Појасот Газа од 18 март

Горан Наумовски05/04/2025 - 21:38

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски17/10/2024 - 10:1317/10/2024 - 12:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео