Исламистите на Мали ги уриваат мавзолеите во Тимбукту

Од:

Вооружените исламисти коишто го контролираат северот на Мали во неделата почнаа повторно да ги уриваат мавзолеите на муслиманските свети личности во Тимбукту, откако во саботата урнаа историски и културно важни три зданија во овој митски град.

„Неколку десетици припадници на радикалната исламистичка група Ансад Дине, се собрале на гробиштата Џингареџбер, јужно од Тимбукту, каде се наоѓаат најмалку три мавзолеа.Тргнаа кон мавзолејот на шеикот ал-Кебир, и почнаа со неговото уништување”, изјавил очевидец за локалните медиуми, пренесува AFP.

Властите на Мароко повикаа на „итна интервенција” на исламските држави и меѓународната заедница за заштита на богатото културно наследство на земјата.

„Мароко ги повикува исламските држави и меѓународната заедница на заедничка интервенција поради заштита на малиското богато културно наследство коешто е неделив дел од исламското и културното наследство на целото човештво”, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Мароко.

Властите во Бамако во неделата се обратија до Обединетите нации барајќи негова интервенција за да се заштити локалитетот крај Тимбукту и неговото културно наследство.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска