Џон Хенеси со својот Venom GT го сруши светскиот рекорд за брзина. Многу модификуваниот автомобил базиран на Lotus Elise, откако постави рекорд за најбрз автомобил од 0 до 300 километри на час, со просечно време од 13,63 секунди, сега го освои и рекордот за најбрз автомобил од сериско производство.
Потегот се случи на 9-ти февруари, во Американската воена база Лемур во Централна Калифорнија, каде Venom GT на Michelin Pilot Super Sport гуми го собори рекордот забрзувајќи до 427,6 километри на час (265,7 милји на час).
„Veyron Super Sport развива 430,9 километри на час, но Bugatti ги ограничува своите модели на 415 километри на час. Тоа значи дека со 427,6 километри на час, Venom GT е најбрзиот автомобил во сериско производство достапен за продажба за обични луѓе“ – вели Хенеси.
Цената од 940,000 евра и ограничената серија од само 29 автомобили, значи дека моделот ќе биде достапен за само мала група на возачи кои ќе можат да го осетат забрзувањето на 7.0 литарскиот V8 мотор кој испорачува 1.244 коњски сили.