Вучиќ: Три години затвор за секој што не ја спроведува изолацијата

Од:

Српскиот претседател Александар Вучиќ по прогласувањето на вонредната состојба во целата земја, порача дека секој што нема да ја спроведува одредената изолација, веднаш ќе добива казна затвор од три години.

„Болниците од утре ќе ги чува војската, нема повеќе да има напади на лекарите. Сите што ќе ја прекршат изолацијата ќе добијат три години казна затвор“, рече Вучиќ.

Тој кажа дека ЕУ нема моќ да помогне никому, затоа што и самата се соочува со недостаток на медицинска опрема и материјали, па затоа побарал помош и да дојдат уште лекари од Кина.

„ЕУ не може да си помогне и себе, а најмалку сега нам. Велика Британија има пропорционално помалку респиратори од нас. Имаат само 5000 респиратори, а многу повеќе жители од една Србија“, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он