И покрај многу скептици на Косово, верувам дека е можно да се постигне договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи.
– На Косово има скептици кои не веруваат во постигнување договор, но јас сум оптимист дека тоа ќе се случи, изјави Тачи на отворање на Меѓународна конференција за јавна дипломатија и погранична соработка која денеска почна во Приштина.
Според него, неспотигнување договор може да доведе до влошување на сегашната ситуација и најави понатамошно ангажирање со цел постигнување договор со Србија.