Општина Битола упатува апел да се почитуваат препораките и законските одредби од страна на Владата, a градоначалничката Наташа Петровска извести за сите мерки што ги прави општината за заштита и превенција од коронавирусот.
Па така, превозниците кои вршат општински линиски превоз на патници во Општина Битола, од 13.03.2020 сообраќаат на линиите само до 17.00 часот.
„Воведувањето на оваа мерка овозможува доволно време за исполнување на заклучокот донесен на 15-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, со која сите јавни претпријатија и приватни компании што вршат јавен превоз на патници да вршат редовна дезинфекција на превозните средства, како и: возрасните и високоризичните категории на граѓани со хронични болести да го намалат своето движење и да го избегнуваат јавниот превоз“, стои во соопштението.
Општината ги известила сите авто-такси компании, нивните возачи да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата.
Доставено е барање до Центарот за јавно здраавје да се изврши дезинфекција на градинките, основните и средните училишта на територијата на општината, како и на општинската зграда.
„Граѓаните кои доаѓаат во општинската зграда, сите потребни документи или барања да ги доставуваат само на шалтерите во општината“, апелира општината.
Петровска, до сите директори на основните и средните училишта, упатила апел преку класните раководители, дополнително да се изврши едукативен и превентивен апел до сите ученици, да избегнуваат групни собирања во кафулиња или други места, со што што би се заштитиле самите себе, како категорија која можеби не припаѓа во ризична група на влијание од корона вируост, но би го заштитиле здравјето на своите повозрасни најблиски.