Спасовски апелира родителите да не дозволат да се повторат журки на Водно

Од:

По синоќешните журки на скопско Водно, премиерот Оливер Спасовски апелира до родителите да не дозволуваат да се повтори такво собирање поради кое мораше да интервенира и полицијата.

„Нема одговорност ако родителите дозволуваат децата во ваква ситуација да бидат надвор. Апелирам до родителите да се однесуваат одговорно“, рече премиерот Спасовски.

„А1он“ синоќа објави дека групи млади луѓе откако во градот затворија сите кафулиња и ресторани ги наполнија паркинзите на Водно и спротивно на препораките од Владата се дружеа во големи групи. Еден час по објавата полицијата ги растури групите, па возилата во колона се симнуваа од планината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Спасовски ургирал во СВР Штип за да се спаси газдата на „Пулс“, што крие ЈО и дали Коцевски го штити Спасовски?