Владата на Шпанија денеска ќе прогласи вонредна состојба поради пандемијата на коронавирусот.
Секој момент се очекува вонредно обраќање на премиерот Педро Санчез.
Состојбата на подготвеност, како што соопштија локални телевизии, претставува прв од трите степени на вонредна состојба во земјата.
Првата фаза ќе трае 15 дена, за кое време ќе се прават подготовки за евентуална изолација или евакуација на населението.
Бројот на новозаразени се зголеми за една третина за едно деноноќие и сега изнесува 4.209 заразени, со 120 смртни случаи. До вчера попладне имаше 3004 заболени и 84 смртни случаи.