Оставки на директорите на охридските претпријатија

Од:

Функционери на СДСМ во Охрид почнаа да поднесуваат оставки од директорските места во охридските јавни претрпијатија, откако партијата ја изгуби локалната власт, а за нов градоначалник е избран Никола Бакрачески од ВМРО-ДПМНЕ.

Сашо Алче, член на СДСМ од денеска повеќе не е директор на Јавното претпријатое Охридски комуналец. Тој си поднесе неотповиклива оставка од оваа функција на која се наоѓаше неколку години.

Алче дал рок до понеделник или вторник владеачката ВМРО-ДПМНЕ и новиот градоначалник на Охрид да назначат вд директор на Охридски комуналец, се до избор на нов директор, одлука која ќе треба да ја донесе на некоја од првите седници новиот совет на општина Охрид.

Во меѓувреме првата конститутивна седница на новиот совет на општина Охрид ќе се одржи во понеделник. Седницата според законот ќе ја свика и ќе ја отвори актуелниот претседател на советот Душко Јаковчески, а ќе ја води најстариот советник во новиот состав Љубомир Чаулев од Социјалистичката партија.На првата седница ќе се изврши верификација на мандатите на новите советници, а ќе биде избран и претседавач со Градскиот совет.

Во идниот градски состав мнозинството ќе го има Коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 12 советници, СДСМ и Сојузот на иднината ќе има осум советници, а дел од новиот состав на советот на општината ќе бидат и независните советници Љупчо Настоски, Павел Попоски и Кујтим Усеини.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид