(ВИДЕО) Судење за убиството на Пино: Притвореничката Блерта Поцеста молчеше на денешното сведочење

Од:

„Јас денеска немам што да кажам”, рече сведокот Блерта Поцеста на почетокот на денешното рочиште за убиството на Пино Секондо. Таа е обвинета за повеќекратно убиство и е притвореничка во истражниот затвор во „Шутка“ како и Ангела Ѓорѓиевска ,која е обвинета во случајот на убиството на Пинета Секондо.

Поцеста беше спроведена во Кривичниот суд како сведок по барање на обвинителката Лидија Раичевиќ. На прашањето на обвинителката дали таа не сака да сведочи поради тоа што се плаши, Блерта одлучно одговори: “Не. Нема да го повторувам тоа што го кажав кога одговарав кај јавен обвинител”, рече таа.

Единствениот одговор што таа го даде е дека е сместена во собата Г12 во затворот.

Адвокатот на обвинетата, Еленко Миланов, предложи да се вештачи телефонот на Блерта Поцеста бидејќи според неговите сознанија, така би се докажала комуникација меѓу Блерта и мајката на Пино Секондо, Маја Трпковска. Обвинителката Раичевиќ реагираше дека тврдењето на адвокатот дека притвореничката поседува телефон во КПУ затворот Скопје, е спротивно на деловникот на установата.

„Барам ваквата фактичка состојба и опис да се констатира како нешто на што Јавното обвинителство и Судот да преземат мерки. Доколку е точно дека директорот или тие што ја обезбедуваат и обезбедиле телефон, да се утврди тоа лице”, реагираше обвинителката.

„Факт е дека Блерта поседувала телефон во затворот и тој ѝ бил одземен”, одговори адвокатот Миланов.

Обвинителката, адвокатот и судијката се согласија дека тоа е недозволиво и е во надлежност на други органи. Додека тие се чудеа како притвореничките имаат мобилни телефони во притворот “Шутка”, обвинетата Ангела ја објасни шемата на притвореничките за да си ги кријат телефоните од стражата при претеси.

„Јас кога го зедов телефонот на Блерта прво го проверив и најдов два броја, од оштетената Маја Трпковска и од сведокот Марија Вера, братучетката на Пино. Имам и сведоци дека тие броеви се видени”, рече Ангела.

Судијката Ленка Давитковска предложи кратка пауза по која судењето ќе продолжи.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

Би можело да ве интересира

Кривичен: Осудени се 13 обвинети за трговија со малолетно дете и силување

Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете

Катерина Ѓуровски

Исмет Гури спроведен во Кривичен, судењето за даночно затајување одложено

Врховниот суд го укина решението на Кривичен и го врати на повторно постапување предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани

Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка

Тошковски: Кривичен определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување на надзорот