Скопје дел од видео-конференција со Пекинг за размена на информации за коронавирусот

Од:

Во рамки на активностите на процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа, познат како “17+1”, денеска се одржува видео конференција, преку која се поврзаа главните градови на земјите од “17+1”, каде наши претставници се министерот за здравство, Венко Филипче и заменик минстерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во присуство на амбасадорот на Кина во Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

Како што соопшти МНР, тема на конференцијата е борбата против ширењето на коронавирусот (COVID-19) и претставува дополнителна алатка за директна размена на корисни информации и искуства меѓу надлежните институции од земјите членки, а видео линкот во Скопје е лоциран во зградата на Министерството за надворешни работи.

Конференцијата, се наведува, е овозможена и организирана од министерствата за надворешни работи и за здравство на Народна Република Кина, како земја што беше најтешко погодена од корона вирусот, за да се споделат своите искуства околу преземените мерки и активности во насока на превенција и сузбивање на ширењето на вирусот, а во тек е синхронизирната дискусија.

Во име на Република Северна Македонија во дискусијата учествува директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ, која покрај тоа што информира за последната состојба во земјава во контекст на заболените од COVID-19, за нивното лекување, за начинот и капацитите за справување на здравствениот систем во Северна Македонија со овој вирус, поставува и прашања за тоа на кој начин институциите и граѓаните полесно да се справат со новонастаната состојба, стои во соопштението од МНР (линк од видео-конференцијата https://covid19.alliancebrh.com/) .

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска