Судењата во Кривичен нема да се одлагаат поради коронавирусот

Од:

Сите закажани судења, за кои постојат услови да бидат одржани, нема да се одлагаат, се до евентуално нови напатствија од Министерството за правда или Судскиот совет на Република Северна Македонија, се наведува денеска во соопштението на Основниот кривичен суд Скопје.

Заради заштита на правата на обвинетите и оштетените во сите постапки, Судот апелира дека какви било злоупотреби на препораките за заштита од коронавирусот со единствена цел – одолговлекување на судењата нема да се толерираат и строго ќе се санкционираат.

Во соопштението Кривичен ги известува граѓаните дека согласно препораките на Владата на РСМ за спречување на ширење на коронавирусот како и заклучокот на Министерството за правда, судот доследно ги почитува препораките и ги презема сите мерки за заштита на
вработените и странките кои се движат во рамки на судот.

За таа цел сите вработени кои изминатиот период биле надвор од земјата како и сите бремени жени, хронично болни, како и родители на деца помали од 10 години, а кои побарале ослободување, се ослободени од работа.

Судниците, шалтерите, ходниците, лифтовите и тоалетите секојдневно се чистат и дезинфицираат од службите за одржување, се вели во соопштението.

-Но, со цел доследно почитување на препораките, судот апелира и до сите граѓани кои се јавуваат како странки во постапки или имаат каква било достава или барање до судот, како и сите обвинители, вештаци, сведоци, полициски службеници, претставници на невладините организации и
медиумите и пред се адвокатите кои се најчести „посетители“ на судот, совесно да се однесуваат и да се водат по препораките на Владата, се наведува во соопштението на Кривичен.

Доколку некој адвокат, обвинител, вештак или сведок во постапка изминатиот период бил во земји кои се од висок ризик на зараза или препорачана им е самоизолација – за нивната спреченост, со прилог соодветна документација за спреченоста, електронски да го известат судот.

-Се работи за сопственото здравје, но се работи и за здравјето на сите останати со кои може да имате контакт во судот, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска