Компанијата „Самсунг“ која веќе дваесет години произведува мемориски уреди и кратички, претстави врвни модели достапни за сите корисници.
Новите модели нудат голема брзина на пренос на податоци, голем капацитет и безбедност на податоците. Картичките се базираат врз основа на 4-proof технологија што ги прави отпорни на вода, магнети, екстремна температура и рентгенско зрачење.
Самсунг СД и микроСД мемориските картички од новата генерација се произведуваат во три категории Стандард, Плус и Про. Производите се со опсег од 4 до 64 ГБ меморија. Картичките од серијата Плус и Про користат НАНД технологија со врвен квалитет кој поддржува УХС и овозможува брзина од 70 МБ во секунда за читање и 20 МВ во секунда за пишување податоци.
Перформансите на новата генерација Самсунг мемориски картички се речиси двојно подобри од стандардните мемориски уреди и се одлични за работа на смартфони и таблет уреди.